Од 23 до 28 септември на љубителите на театарската уметност ќе уживаат во програмата на јулилејното 40. издание на фестивалот Млад отворен театар, во организација на Младински културен центар, а под покровителство на Град Скопје и Министерството за култура на Република Македонија.
– МОТ со своите 40 историски изданија значи многу за градот Скопје и за театарскиот живот воопшто, бидејќи го продолжува континуитетот со размена и циркулирање на млада, свежа и авангардна театарска енергија меѓу учесниците и посетителите на театарските настани. Морам да кажам дека во текот на изминативе години е зголемен интересот на љубителите на театарската уметност. што секако се должи на квалитетот што го нуди овој фестивал – истакна градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на денешната прес-конференција.
На повеќе различни сцени низ Скопје (МКЦ, МОБ, Универзална сала, Драмски театар, Театар комедија, Музеј на холокаустот и Македонски народен театар) ќе се одиграат вкупно 15 театарски продукции од кои седум се од Македонија, седум се од Србија, Швајцарија, Велика Британија, Грција, Русија, и една ко-продукциска претстава на Македонија, Србија, Хрватска и Словенија, насловена „Комплекс Ристиќ” во режија на хрватскиот режисер Оливер Фрљиќ.
Фестивалот ќе биде отворен на 23 септември во 20 часот, на Големата сцената на Македонска опера и балет со претставата „Алијас“, Женева, со настапот на водечка танцова група, чии членови на сцената се голи и затоа е означена како +16 години.
Во рамките на годинашното издание на МОТ ќе се промовира и монографијата на Љубиша Никодиновски –Биш , посветена на 40 фестивалски години, а годинава е новитет и организирањето на Македонскиот театарски маркет, на кој ќе бидат поканети режисери од повеќе држави коишто ќе можат да гледаат наши театарски претстави.
Реалното шоу, како што го нарече годинашново издание на МОТ, директорот на МКЦ, Златко Стевковски, ќе биде реализирано со буџет од 7 милиони денари, од кои 5 милиони денари се од Министерството за култура, а од Буџетот на Град Скопје за оваа намена се издвоени 2 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


