Во присуство на министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, на граничниот премин „Табановце“ со работа започна сувенирницата која има широк асортиман на сувенири со културно и историско богатсво на Република Македонија.
Овие сувенири се интересни за сите странски туристи кои ја преминуваат границата, а од предвидени 20, оваа е 19. по ред отворена во близина на граничните премини. Следната, воедно и последна, ќе биде отворена на граничниот премин Деве Баир.
-Се надевам дека и оваа сувенирница како и претходните успешно ќе функционира. Тие се отворени од 10 до 18 часот, а во зависност од интересот може да се продолжи работното време до 22 часот. Се надевам дека ќе имаат голема продажба, и ние сите продадени сувенири ги дополнуваме со нови сувенири – изјави министерката.
Како што додава Канческа-Милевска, истражувањата на локалитетите Кокино и Градиште се завршени, а екипи од Музеј Куманово ќе работат на Костоперска карпа, на Црквиште, се конзервираат 72 икони од црквата Свети Никола, ќе се работи на конзервација на манастирот Забел, а следната година ќе се санира манастирот Карпино до каде треба да се изгради и пат во должина од шест километри.
-Со ова се надевам дека ќе успееме да ги анимираме сите кои влегуваат и излегуваат од Македонија, нашите граѓани кои на заминување ќе понесат нешто автентично“-изјави Цветановска.
Претходно министерката го посети Музејот на град Куманово, каде со директорката разговараа за проектите со кои се истражуваат археолошките наоѓалишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.