Сопругата на претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова и синот, Иван Иванов, денеска присуствуваа на Централното одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот, со што почна спроведувањето на кампањата „Еден свет за сите“.

Со сложување сложувалка со боите на аутизмот, десетина дечиња со аутизам симболично испратија порака за подигнување на свесноста во општеството за нивните потреби.
– Многу ми е мило што денеска бевме дел од овој настан. Симболично, со местењето на сложувалката и со моето присуство овде, сакам да дадам на знаење дека сите овие деца што се тука треба да имаат ист третман во општеството, каков што имам јас и каков што имаат сите други деца- изјави Иван Иванов, син на македонскиот претседател.
Покровител на овогодинешната кампања е сопругата на Претседателот на Република Македонија г-ѓа Маја Иванова.
– Ме радуваат вакви иницијативи што гледам дека се случуваат и дека навистина кај народот почнува да се буди таа свест за аутизмот, додаде Иванов.
Настанот, проследен со музичка програма, го организираше Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“. Кампањата „Еден свет за сите“ ќе трае во текот на целиот месец април.
фото: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Загадениот воздух може да предизвика аутизам кај децата
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме


