| четврток, 6 декември 2018 |

Доналд Трамп ја зголеми предноста пред другите републикански претенденти

Американскиот милијардер Доналд Трамп ја зголеми својата предност пред другите претенденти од Републиканската партија во трката за добивање номинација за претседателските избори во САД во 2016 година, покажува најновото истражување на „Си-ен-ен“.

tramp

Трамп сега ја има поддршката од 32 отсто од  републиканците и независните поддржувачи, што претставува скок за осум проценти во споредба со претходното испитување на почетокот од август и дури трипати повеќе од поддршката што ја имаше во јуни, на почетокот на изборната трка.

Зад него и натаму се наоѓа поранешниот неврохирург Бен Карсон, кого го поддржуваат 19 отсто од републиканските гласачи, обезбедувајќи поголема поддршка за десет отсто во споредба со претходните испитувања на расположението на републиканците.

Овие двајца „неполитичари“ – едниот бизнисмен, а другиот лекар – кои беа означени на почетокот како „политички аматери“, сега заедно уживаат поддршка на повеќе од половината на потенцијалните гласови на Амерканците, кои традиционално на изборите се определуваат за кандидатите на оваа партија.

Поранешниот гувернер од Флорида, Џеб Буш, кој на почетокот од предизборниот процес важеше за еден од главните „играчи“, сега е трет со поддршка од само девет отсто, забележувајќи пад на популарноста од четири проценти во споредба со август.

Зад него се сенаторот од Тексас, Тед Круз, поранешниот гувернер од Арканзас, Мајк Хакаби и актуелниот гувернер на Висконсин, Скот Вокер.

Сите други заостануваат зад оваа група од угледни републикански политичари, а меѓу нив е гувернерот на Флорида, Марко Рубио, кој едно време важаше за нова „републиканска ѕвезда“, а сега има поддршка од само три отсто или дури и помалку од тоа.

Анализата на истражувачкиот тим на „Си-ен-ен“ покажува дека основата за сѐ уште високата позиција на Трамп пред другите е во силната поддршка што тој ја има кај женските гласачи и кај оние со диплома од некој колеџ.

Најсилна поддршка Трамп добива од симпатизерите и од поддржувачите на движењето „Чајанка“ на Сара Пејлин. Дури 41 отсто од подржувачите на ова движење на Пејлин, која на изборите во 2008 година беше кандидат за потпретседател на САД, сега го подржуваат Доналд Трамп.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top