На денешната седница на Владата на Република Македонија поминаа Предлог-измените за Законот за здравствено осигурување, со што на брачните двојки ќе им се овозможи бесплатно ин витро оплодување за трето и за четврто дете, соопшти денеска од Штип, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Стефановски.
– Со измените на Законот, како што објави премиерот, се предвидува ослободување од партиципација на граѓаните што ќе добијат право да остварат ин витро постапка, со што ги ослободуваме од плаќање на шест илјади денари. Ова ќе важи за сите оние лица што ќе се обидат да добијат дете по пат на ин витро за прво, второ, трето и за четврто дете до три обиди. Ова е исклучително позитивен проект, кој е во насока на помош на оние лица што имаат проблем тоа да го направат по природен пат – вели Стефановски.
Тој додава дека со оваа мерка, брачните двојки веќе ќе го немаат финансискиот товар за добивање новороденче. Трошоците што ќе ги имаат брачните двојки за целокупната постапка и за партиципација ќе бидат комплетно на товар на ФЗО.
– За постапките за вештачко оплодување, Фондот за здравство издвојува значителни средства. Задоволни сме што најголем дел од поднесените барања се одобруваат и се позитивни, дури 93 проценти од поднесените барања што биле со пополнета документација се одобрени, позитивни и истите семејства добиле можност да го искористат ваучерот во една од здравствените установи, со кои ние имаме склучено договор – вели Стефановски. Што се однесува до воведувањето на електронската апликација за поднесување на барање за ин витро оплодување, Стефановски вели дека оваа мерка која е воведена во месец април, веќе дава позитивни резулати, бидејќи 50 проценти од барањата до ФЗО биле доставени преку оваа апликација, а со неа биле надминати и сите грешки кои досега ги правеа осигурениците и матичните гинеколози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст