Мерките за спречување на т.н. лажни азиланти од Македонија кон земјите од ЕУ се преземаат во конинуитет без оглед на актуелната бегалска криза, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски во врска со коментарите на некои европски претставници дека бранот бегалци го искористуваат и државјани на земјите од Балканот со што се зголемува нивното присуство и нивните барања за азил во западните земји.
– Република Македонија во континуитет уште од донесувањето на одлуката за визна либерализација презема низа мерки и активности за спречување на бранот на т.н. азиланти. Без разлика на бегалската криза со која се соочуваме деновиве, продолжуваме да преземаме такви мерки. Мерките се главно во две насоки. Едната е превентивно работење во оние средини од каде што имаме сознанија и податоци дека доаѓаат т.н. лажни азиланти. Вториот пакет мерки кои се преземаат од страна на МВР се репресивните мерки. Имено, како што е веќе познато, РМ направи измени и во Кривичниот закон и воведен е нов член со кој практично и се санкционира злоупотребата на визната либерализација, така што досега во голем број на случаи се поднесувани и кривични пријави против лица што ги манипулираат македонските државјани, лажно ветувајќи им дека ќе добијат азил во некоја од побогатите земји-членки на ЕУ, а продолжуваме со несмален интензитет да работиме во таа насока и во наредниот период – рече Котевски по промоцијата на кампањата за јакнење на капацитетите на органите за спроведување на Законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти