Пензионерка од Скопје, долгогодишен играч на играта на среќа лото и верен играч на НовоЛото, без ниту едно пропуштено коло за уплата е добитникот на 6.000.000 денари, односно седумка во 71 коло на НовоЛото,.
Добитничката, чија желба за анонимност ја почитуваме, весело ја раскажа свoјата среќна приказна. Лотото е мојата забава, вели таа, пополнувањето на комбинациите со бројчиња е мој ритуал, а очекувањето на извлекувањата секогаш ме држи во исчекување и ме исполнува со возбуда. Емисиите се куси и интересни за гледање. Емисијата во која беа извлечени токму моите броеви, ја изгледав со задоволство, ги запишував бројчињата кои се извлекуваа на лист хартија , а дури потоа ги споредив со моите уплатени броеви. Чувството дека се извлекоа моите 7 бројчиња беше неверојатно. Од секогаш сум верувала дека треба да се игра за да се добие, но не верував дека ќе ги имам токму сите седум броеви. Ова е мојата прва голема добивка, а од неа ќе има доволно за сите внуци и правнуци, весело раскажува добитничката.
Нашата најнова членка во семесјтвото на НовоЛото милионери играла четири колони со по седум броеви. Ги играла бројките од датумите на родендените на своите најблиски кои за уплатени 60 денари или близу едно евро, и донесоа добивка од 6.000.000 денари, или близу 100.000 евра.
Среќната добитничка ги напушти просториите на Државна лотарија на Македонија , со порака до играчите на НовоЛото 7/34: Никогаш не губете надеж , играјте редовно и верувајте дека еден ден среќата ќе ви се насмее токму вам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст