| четврток, 6 декември 2018 |

Јунак на денот, го утна денот за натпревар

longford

Јунак на денот е ирскиот фудбалер Пат Флин, кој направи голема утка и заборави дека треба да настапи за својот тим во националниот куп против Шамрок.

Целата ситуација е комична, бидејќи Флин бил активен на „Твитер“ во времето на одигрување на мечот и се стаписал кога на клупскиот сајт преку „Твитер“ забележеал дека резултатот е 0-0.

„Мора да се шегувате. Вечерва играме?“, напишал Флин и веднаш тргнал кон стадионот на Лонгфорд во обид да стаса барем за продолженијата. Ни во тоа не успеал, а Лонгфорд во дополнителното време загуби од Шамрок со 0-1 и испадна во четвртфиналето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top