Босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ денеска соопшти дека властите во неговата земја се подготвуваат за можен наплив од мигранти, откако Унгарија соопшти дека ќе ги затвори своите граници за бегалци, пренесе ТАСС.
Мектиќ изјави дека босанската Влада подготвува план за реакција во случај затворањето на унгарските граници да доведе до промена во маршрута на мигрантите кон Западна Европа, и ако се земат предвид и факторите кои можат да го дестабилизираат Западен Балкан.
-Ни претстои зимска сезона и бегалците нема да можат да останат во импровизираните прифатни центри. Има и сериозни знаци дека Унгарија ќе го затвори коридорот и тогаш тие ќе тргнат кон Босна и Херцеговина – изјави Мектиќ во Сараево.
Министерот, исто така, изјави дека е невозможно да се предвиди за каков број мигранти може да стане збор, но босанските власти се должни да преземат мерки од хуманитарен аспект и за гарантирање на безбедноста.
Мектиќ подвлече дека ниту Босна и Херцеговина, ниту другите држави во Западен Балкан можат да го решат проблемот со бегалците и затоа од ЕУ се очекува конечното решение на проблемот.
-Ние сакаме да бидеме дел од тоа решение, но не гледам можност да можеме да ги решиме проблемите на 200-300 илјади или половина милион бегалци – рече босанскиот министер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти