1. Пријател што секогаш ја кажува апсолутната вистина
Со него можете да зборувате за сè, вклучувајќи ги и важните животни одлуки, бидејќи знаете дека тој секогаш ќе ви ја каже вистината. Тој не потпаѓа под влијание на вашите солзи и тажни очи, туку јасно и гласно го изразува својот став без разлика за темата на која зборувате.
2. Пријател што кокетира со вас
Помеѓу вас нема хемија и вие знаете дека никогаш нема да бидете во романтична врска, но тоа воопшто не ве спречува да уживате во меѓусебното кокетирање. Луѓето кога прв пат ве запознаваат, секогаш помислуваат дека сте пар, но реалноста е дека вие сте само добри пријатели кои знаат како да го ценат добриот комплимент. Покрај него, вие секогаш се чувствувате убаво и посакувано.
3. Пријател со голем број познанства кој ги знае сите новитети
Тој знае каде излегуваат славните, кој ноќен клуб е моментално хит и каде едноставно мора да отидете на вечера. Исто така тој има и голем број врски, па токму затоа и без проблем наоѓа влезници за музички спектакли, филмски премиери и други видови забавни настани во градот.
4. Пријател што секогаш ве заштитува
Тој е вашата карпа и е многу повеќе од само физички заштитник. Доколку му испратите порака, објаснувајќи му дека момчето со кое моментално се состанувате, паралелно се гледа со уште 3 девојки, тој ќе ви одговори: „Да не сакаш да го посетам по работа?“ Иако знаете дека тој никогаш навистина не би го повредил, сепак неговиот силен став ви помага да се чувствувате подобро.
5. Пријател што е секогаш тука да ве ислуша
Тој не ве осудува, внимателно ве слуша кога му зборувате и секогаш е подготвен да ви понуди утешни зборови. Всушност, токму затоа и му ги признавате сите оние нешта кои не можете да ги кажете на никој друг. Тој е секогаш тука за вас, но истото го очекува и од вас за себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст