| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов:Европските општества ги очекува мултиетничка, мултирелигиска и мултијазична иднина

иванов2
Претседателот Ѓорге Иванов во рамки на посетата на Полска и учеството на 25. Економски форум, денеска во Нови Сад се обрати на Форумот за млади лидери на сесијата насловена „Лидери на утрешнината – Какви лидери и се потребни на Европа во 21-от век?“.Говорејќи за предизвиците со кои се соочуваат лидерите на новото време во Европа, претседателот Иванов рече дека живееме во свет кој многу брзо се менува и во кој многу знаења брзо застаруваат. Поради тоа, рече претседателот Иванов, потребни се решенија кои излегуваат од познатите шаблони.Македонскиот претседател изрази очекување дека членството во Европската унија ќе влијае за европеизација на балканското лидерство, јави известувачот на МИА.
Тој рече дека верува во Европа обединета во почитување и прифаќање на различноста. – Европските општества ги очекува мултиетничка, мултирелигиска и мултијазична иднина, нагласи Иванов.
Пред учесниците на форумот, претседателот Иванов ја претстави Меѓународната Школа за млади лидери, што по негова лична инцијатива веќе шест години по ред се одржува во Охрид.
Во рамки на форумот Иванов се сретна и со младите македонски претприемачи од старт-ап компанијата Hitlancer.com–фриленс платформа, кои учествуваат на сегментот „Get Inspired Fest“, со цел претставување на нивната компанија и прибирање на дополнителни финансиски средства и вмрежување со останати слични компании.
Со учеството на Форумот за млади лидери, претседателот Иванов ја заокружи дводневната посета на Полска, каде што учествуваше на 25. Економски форум во Круница Здруј и имаше обраќање на сесијата „Кон флексибилна Европа – Стратегии за иднината“, заедно со неговиот полски колега Анджеј Дуда и хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ. Македонскиот претседател оствари и билатерална средба со полскиот претседател Дуда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top