| четврток, 6 декември 2018 |

Албанците најбројни Европејци во италијанските затвори

lisici

Според последната статистика на италијанското Министертво за правда во однос на бројот на затвореници – странци, албанските граѓани се на прво место од оние кои потекнуваат од некоја европска земја, додека трети меѓу сите странци.

– Заклучно со 31 август во италијанските затвори казна  издржуваат 52.389 лица, од кои 17.304 се странски државјани, од нив 13,7 отсто се Албанци. Од вкупната бројка на затвореници секој трет е странец, пишува тиранскиот весник „Шекули“.

Албанските граѓани најчесто во затвор се поради извршени тешки кривични дела, грабежи, убиства, шверц со дрога и проституција, додека од неодамна најмалку петмина се и за  регрутирање и испраќање млади Албанци за џихад во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top