| четврток, 6 декември 2018 |

Оштетени нови четири возила на македонски државјани во Грција

Граничната полиција евидентираше четири случаи на оштетување возила на македонски државјани кои летувале во Република Грција, пријавени на граничниот премин „Богородица“ во периодот од 28.08 . до 08.09.2015 година.

avto

МВР денеска соопшти дека се оштетени четири возила односно  патничко моторно возило „Шеврилет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето З.И. во местото Ксарти, на кој со црн и црвен спреј му била обоена шофершајбната и двете регистарски таблички. Потоа возило „Форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето Д.С. во местотоПаралија, со црн спреј му биле испрскани регистарските таблици во делот на ознаката МК како и дел од предниот и задниот браник покрај таблиците при што е прекриена ознаката МК, „Цитроен ц4“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лицето Г.С. во местото Калитеа, со остар предмет му биле изгребани двете страни од преден до заден фар и бил оштетен знакот МК на задната странаи возило „Пасат“ со кочански регистарски ознаки, управувано од З.З. во местото Ставрос, на хаубата со остар предмет му било изгравирано „МК=GR“ . Освен оштетувањето на патничкото моторно возило „Цитроен Ц4“ во Калитеа, се наведува во соопштението, останатите случаи не биле пријавени во грчката полиција.

Со овие четири нови случаи, билансот на оштетени возила на македонски државјани кои летувале во Грција, стои во соопштението од МВР, се искачи на 10, а евидентиран е и еден случај на кражба на регистарски ознаки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top