| четврток, 6 декември 2018 |

„Џонсон Мети“ со приходи од 927,5 милиони евра е на листата на 500 најголеми компании во Централна Европа

Од останатите земји во регионот, најмногу компании меѓу ТОП 500 има од Словенија и тоа дури 20, од Хрватска 12, од Бугарија 8, од Србија 6 и од Босна и Херцеговина 4 компании.

Со приходи од 927,5 милиони евра лани, Џонсон Мети е единствената компанија од Македонија која ова година е рангирана на листата на 500 најголеми компании во Централна Европа на „Делоит“.

Ekonomska zona Bunardzik (1) (Custom)

Компанијата во однос на минатата година, забележува скок на листата од 159 места.

За една година компанијата ги зголеми приходите за 48,9 отсто и ја заврши годината со добивка од 56 милиони евра.

Од останатите земји во регионот, најмногу компании меѓу „Топ 500“ има од Словенија и тоа дури 20, од Хрватска 12, од Бугарија 8, од Србија 6 и од Босна и Херцеговина 4 компании.

Лидер на листата со најмногу компании меѓу најголемите е Полска, и тоа со дури 170. Исто како и лани, листата ја предводи полскиот енергетски гигант ПКН Орлен со приходи од 25,5 милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top