| четврток, 6 декември 2018 |

Дадилка малтретирала деветмесечно бебе во Скопје

Скопското јавно обвинителство, по поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи, поведе постапка против едно лице, под сомнение дека малтретирало деветмесечно дете.

Пријавеното лице било ангажирано за чување и негување на деветмесечното дете од родителите на детето. Наместо нега, осомниченото лице врз детето применувало различни облици на малтретирање и грубо однесување.

По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано соменение за сторено кривично дело – запуштање и малтретирање на дете, за кое е запретена казна затвор од една до десет години.

Oбвинителството поднесе предлог за притвор против осомниченото лице, поради постоење опасност од повторување на делото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top