| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил влета во патарината пред Скопје (ФОТО)

Патничко возило „фиат добло“ се судри во патарина пред селото Глумово на автопатот Тетово-Скопје. Во сообраќајната несреќа што се случи пред околу половина час, причинета е само материјална штета.

Од ударот, „фиатот“ остана со оштетена предница и гума, а сеуште не се знаат причините за сударот, но најверојатно возачот го утнал влезот во наплатната рампа, пренесува „Телеграф“.

Полиција веднаш пристигна на настанот, а додека траеше увидот во прекин беше една лента од патарината па се создадоа и мали гужви.

Фотo: „Телграф“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top