| четврток, 6 декември 2018 |

Крис Еванс и Минка Кели се повторно заедно

 крис

Крис Еванс и Минка Кели, чија врска беше придружувана од многу разделби и собири, изгледа повторно се двојка. Пред неколку дена двајцата беа забележани заедно додека шетаа кучиња.

Нивната заедничка појава ги потхрани гласините дека актерите уште еднаш ѝ дале шанса на својата љубов. За прв пат Крис и Минка почнаа да излегуваат во 2007 година, а малку потоа се разделија.

Во 2012 година, двајцата повторно се собраа за околу една година. Потоа актерите многу често беа забележувани заедно, но не ги коментираа јавно своите односи. Од последните папараци фотографии на двојката сепак се гледа дека Крис и Минка се чувствуваат одлично заедно.

По неколку години врска, во 2012 година актерката се раздели со Дерек Џетер.Ѕвездата од “Капетан Америка”, пак, беше поврзувана со Џесика Биел, Еми Росам и Кристина Ричи. Во март, пак, се појави информација дека Крис Еванс има врска со Лили Колинс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top