Грчките власти денеска соопштија дека на островот Лезбос, под мизерни услови, се блокирани преку 17.000 бегалци, пренесоа американските медиуми.
Еден фудбалски стадион на островот е пренаменет во прифатен центар и полицијата во него испратила дополнителен персонал и апарати за земање отпечатоци од прсти заради забрзување на процесот на регистрација.
Приближно половина од мигрантите на Лезбос со мали чамци се пристигнати од Турција.
Полицијата денеска соопшти дека секој ден на островот пристигнуваат просечно по 3.000 – 4.000 мигранти и бегалци.
Само неделава околу 10.000 бегалци од Лезбос се префрлени кон континентална Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти