| четврток, 6 декември 2018 |

Москва потврди дека во Сирија престојуваат руски воени експерти

сирија

Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека во Сирија престојуваат руски воени експерти, што претставува прва официјална потврда од страна на Москва дека руски воени лице се наоѓаат на сириска територија.

Според портпаролката на Министерството, Марија Захарова, руските експерти помагаат при испораката на оружјето во Сирија, кое, според Москва, има за цел да им помогне на сириските владини сили во борбата против тероризамот.

Ваквото признание од Москва доаѓа во време на се почести шпекулации дека Русија би можела да го засили своето воено присуство во Сирија.

На признанието на Москва, реагираа САД и НАТО, кои изразија загриженост поради присуството на руски воени експерти во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top