| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџер се бори за живот по тешка сообраќајка кај „Хубо маркет“ (ФОТО)

12008489_10206314008387998_418998864_o-10489

Две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се счучила вчеравечер околу 20 часот на булеварот „11 Октомври” кај хотелот „Александар Палас“ спроти „Хубо маркет“.

До несреќата дошло при судир на автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управуван од 61-годишниот С.К. и мопед  „апаче“, кој го управувал 18-годишниот А.А. на кој се наоѓала и неговата сопатничка Н.В.

11992630_10206314011348072_658735136_n-10488

Во несреќата тешко повредени се младото момче и 18-годишната сопатничка Н.В.

Тинејџерот А.А. е пренесен во Ургентниот центар, каде по укажаната првична лекарска помош е пренесен на КАРИЛ и се наоѓа во животна опасност.

12001861_10206314010108041_1063591861_o-10490

Неговата врсничка, која исто така има тешки повреди, била пренесена во ГОБ „Наум Охридски“, каде е задржана на понатамошно лекување.

 

Извршен е увид од страна на полицијата.

Фото: Сител

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top