Австралското Воено воздухопловство ќе се вклучи во воздушните напади врз позиции на групата Исламска држава (ИД) во Сирија, соопшти денеска австралискиот премиер, Тони Абот.
– Владата реши да одговори позитивно на молбата на САД за вклучување во воената операција – нагласи Абот.
Како што јави ТАСС, во моментов во базата во Обединетите Арапски Емирати се стационирани осум авиони и 400 припадници на Военото водухопловство на Австралија. Досега тие учествуваа само во напади врз позиции на ИД во Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.