Шпанија е пресилна, а Македонија одигра солиден меч против апсолутниот фаворит, иако по петти пат загуби од „црвената фурија“ овојпат со 0-1 во Скопје. Хуан Мата го фати на спиење голманот Томе Пачовски и во осмата минута му даде неверојатен гол од десната страна. Потоа фаворитот рутински бараше да го одработи продолжението од мечот, но македонските репрезентативци покажаа дека можеме да се надеваме на подобри игри во иднина.
Младите Радески, Ашковски и Брдаревски беа новитетите на селекторот Љубинко Друловиќ и одлично се бореа против познатите планетарни ѕвезди од спротивниот табор. особено добро Македонија играше на почетокот од вториот дел, кога македонските играчи одиграа тика-така во шпански стил, но во неколку ситуации немаа и среќа да ја затресат мрежата на Де Хеа.
По овој меч Шпанија е лидер во Ц групата со 21 бод, а Македонија остана на последното место со само 3 бода
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст