Бројот на банкарите во Европската унија кои заработуваа милион и повеќе евра годишно, започнал да паѓа дури и пред да почнат целосно да се чувствуваат последиците од ограничувањата на износите на бонусите, покажува извештајот на Европската агенција за надзор на банките (ЕBA).
Во 2013 година во Европската унија имало 3.178 банкари кои заработувале најмалку милион евра годишно, вклучувајќи ги и бонусите, во споредна со 3.530 една година претходно. Тоа делумно може да му се припише на движењата на курсот, бидејќи две третини од нив имаат седишта во Лондон, објави EBA во својот годишен извештај за заработките.
Од ЕВА наведуваат дека податоците за 2014 година, коишто би требало да бидат објавени кон крајот на годинава, ќе покажат пад на просечниот сооднос меѓу бонусот во однос на фиксната плата, нагласувајќи го „целосниот ефект“ од новото ограничување на бонусите во ЕУ.
Банкарските плати се ограничени со начини на коишто можат да бидат структуирани откако даночните обврзници беа принудени да ги спасуваат банките во текот на финансиската криза од 2007 до 2009 година. Ограничувањето, кое ќе влијае врз бонусите исплатени за минатата година, го намалува бонусот на износ на основата плата или два такви износи со одобрение на акционерите.
Во 2013 година соодносот на бонусот во однос на фиксната плата изнесувал 104,27 отсто, објави ЕВА. Тоа значи дека бонусите се само малку повисоки од основната плата за ткн „идентификуваниот персонал“ или оние кои многу заработуваат и имаат клучни улоги, и се наоѓаат под лупата.
Тоа претставува пад во однос на 108,74 отсто во 2012-та, и 204,76 отсто во 2010 година. Меѓутоа, кон некои банки тој однос уште изнесува 200 проценти и повеќе, се наведува во извештајот на ЕВА, во кои не се објавени поединечните договори за платите во банките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.