| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: За медицинскиот канабис треба да дебитираат лекари, а не политичари

Општата легализацијата на марихуаната не треба да се прифати, смета премиерот Никола Груевски, кој во денешното обраќање до јавноста по повод Денот на независноста зборуваше и за темата околу легализација на марихуаната за медицински цели, која деновиве повторно се актуализираше. Според Груевски тоа би донело до лоши последици долгорочно.

– Истовремено, прашањето за увоз и пуштање во употреба со лекарски рецепт на лек кој е базиран на масло од канабис под строго регулирани услови, треба да биде опсежно проучено и јавно дебатирано, не од политичари или новинари или пак политички аналитичари, туку од лекари специјалисти во областите, фармацевти, доктори на науки и напредни научници исклучиво на стручна база, рече премиерот.

Потребно е темелно да се проучи зошто во некои држави во Европа и САД овие лекови се дозволени, а во некои не, и какви се нивните искуства, додаде тој, па дури потоа може да се заземе став по однос на овој вид медикаменти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top