Осми септември е историски момент за Македонија, триумф на борбата и жртвите на сите претходни генерации. Триумф и на нашата генерација.
Премиерот Никола Груевски во своето обраќање по повод роденденот на Републиката на свеченоста во Македонскиот народен театар истакна дека од 8 Септември сме свои на своето и дека оттогаш наваму главниот предизвик е како подобро да се уреди животот и функционирањето на нашата држава, во рамките на демократските принципи, и како побрзо во секој поглед да ги достигнеме стандардите на заедниците во кои стремиме:ЕУ и НАТО.
– Јас лично бев студент во тоа време, само што бев наполнил 21 година, и одкога гласав во текот на денот, вечерта бев во толпата народ на плоштадот Македонија, каде го очекувавме објавувањето на резултатите од референдумот. Точно памтам на кој дел од плоштадот стоев и сликата од таа возбудлива вечер ја помнам како да била вчера. Одкога се соопштија резултатите и се случна еуфоричната радост, памтам дека прокоментирав: направивме своја држава. Да, почитувани присутни: свои на своето! Од 8ми септември 1991година сме свои на своето! Оттогаш па наваму главниот предизвик е како подобро да се уреди животот и функционирањето на нашата држава, во рамките на демократските принципи, и како побрзо во секој поглед да ги достигнеме стандардите на заедниците во кои стрмиме:ЕУ и НАТО. Поминавме низ многу предизвици и премрежија, но сите теории дека Македонија е привремена држава паднаа во вода. Македнија, со сите проблеми со кој се соочуваше, одеше напред, некогаш побрзо, некогаш побавно, но темелите се зацврстуваа, а куќата се надградуваше, истакна премиерот.
Како што додаде тој, имавме успони и падови, залети и кризи, успеси и неуспеси, остварени и неостварени соништа, но државата се градеше и се движеше напред. Не секогаш исто и со посакуваната динамика, но зад нас се 24 години континуирана надградба на она што се оствари на 8ми септември 1991 година.
– Оттука на овој ден, треба да ги спомнеме имињата на луѓето кои во 1991та ризикуваа и успееја. На Киро Глигоров и Љубчо Георгиевски, како претседател и подпретседател на Република Македонија, Стојан Андов како претседател на парламентот, Никола Кљусев како премиер на владата, подпретседателите и министритево таа влада, од кој еден од нив, министрот за внатрешни работи Јордан Мијалков, обавувајки ја својата високо ризична задача во тој период го загуби и неговиот живот. Понатаму, сите пратеници во парламентот во тоа време, како и полтичките партии кои партиципираа во парламентот, меѓу кои најбројна беше ВМРО-ДПМНЕ, втора најбројна СДСМ, партијата ПДП, социјалистичката партија на Македонија, Либералната партија како и другите политички партии кои имаа свои преставници во парламентот. Но пред се, и над сите нив, е народот, неговата решителност и одлучност да ризикува и да гласа за тоа што и тој, и неговите предци со генерации посакувале и се бореле, слободна, суверена и независна Република Македонија. Тоа беа денови на неизвесност, на опасности од нови окупации и војни, денови кога секојдневно се шпекулираше дека може да бидеме нападнати и окупирани, а политичките предводници ликвидирани. Имајки во обзир какви војни беснееја низ поранешната југословенска федерација, шпекулациите не беа неосновани, изјави премиерот.
Тој додаде дека Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, власите и останатите, одлучно излегоа на референдумот и гласаа, и за тоа треба да им се честита
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


