Италијанскиот ветеран Андреа Пирло уште еднаш покажа колку е посветен на фудбалот и на италијанската репрезентацијата.
Иако во поодминати години тој сеуште со голема страст настапува за наицоналниот состав и бара од селекторот да биде изземен од списокот од репрезентацијата кога таа игра „послаби“ натпревари. Иако настапува за Њујорк Сити во САД, секога се одзива на повикот и е подготвен да го даде максимумот.
Пирло со уште неколку репрезентативци меѓу кои, Верати, Ранокиа, Де Шилјо и Дармијан, си заминале со нискобуџетен авиионски лет од Палермо за Милано, од каде потоа секој продолжил до својата крајна дестинација.
Оваа фотографија ја објави спортскиот весник „Кориере Дело спорт“, откако им ја доставил читател кој летал заедно со дел од „аѕурите“.
Тој цели 13 години го носи дресот на „аѕурите“ и има 116 настапи и 13 постигнати голови за италијанската фудбалска репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.