Еден босански навивач долго во животот ќе го памети ова Европско првенство бидејќи на натпреварот меѓу Израел и Русија во рамките од првото коло во групата А што се игра во Монпелје, отпоздравил со нацистички поздрав. Тој бил забележан од камерите во салата и веднаш бил уапсен и изведен пред суд.
За ваквиот потег судот ексресно донел пресуда, а таа изнесува една година затвор и пет години забрана за присуство на спортски терени.
– Ова е еден од оние навивачи кои никогаш не ги интересира спортот, па затоа бараме казна за иницирање на омраза – соопштил обвинителот за време на краткото судење, по што ја добил и посакуваната казна.
Босанецот се бранел со образложение дека не само што не е расист, туку гестикулацијата ја направил како одговор на тројца швајцарски хулигани кои претходно го сториле истото, порачувајќи им дека не треба така да се однесуваат, но ваквото објаснување не било прифатено, па тој сега ќе мора да мине извесно време зад решетки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.