| четврток, 6 декември 2018 |

Делегација на Градот Скопје положи цвеќиња пред споменикот на „Паднати херои за Македонија“

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, по повод големиот македонски државен празник 8.Септември, денеска положија цвеќиња пред споменикот „Паднати херои за Македонија“, во паркот „Жена борец“ во Скопје.

Пред споменикот цвеќе положија и делегации на Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија, кабинетот на Претседателот на Република Македонија, делегации од политички партии, општини, странски претставништва и граѓански здруженија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top