Затвореник избегал од затворот во Штип и вооружен со автоматска пушка вечерва се обидел да ограби менувачница во Велес. Според СВР Велес маж вооружен со автоматска пушка вечерва околу 19:20 часот се обидел да ограби менувачница во градот лоцирана во Трговскиот центар 36- годишниот маж маскиран влегол и побарал од вработениот да му ги даде парите. Вработениот не се согласил со тоа и избила тепачка.
– Засега непознато лице влегло во менувачница во Трговскиот и сакало да ја ограби. Ја зело автоматската пушка на вработениот и му се заканувало да му ги даде парите. Тогаш настанала тепачка меѓу нив двајцата при што
разбојникот испукал два куршума. Потоа излегле надвор каде продолжила тепачката, а напаѓачот испукал уште два куршума, по што се дал во бегство. За среќа вработениот не бил повреден, информира портпаролотна СВР Велес Анита Стојковска.
Напаѓачот бил фатен од група граѓани кои се затекнале на местото на настанот, меѓу кои имало и полицајци кои не биле на служба, а кои потоа го привеле.
На лице место се екипи на СВР Велес кои работат на расветлување на случајот, информира Стојковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст