| четврток, 6 декември 2018 |

Вака ќе изгледаат „Шпанските скали“ на плоштадот во Скопје (галерија)

Објектот ќе биде висок 16 метри и ќе има приземје и три ката. Во негови рамки е предвиден простор за деловни и комерцијални намени.

113

Советот на Град Скопје ја изгласа предлог-одлуката за изградба на Шпански скали на плоштадот „Македонија“, а претходно Општина Центар издала градежна дозвола за барокниот објект, кој треба да го гради албанската фирма „Амадеус“. Трошокот за изведба на скалите ќе падне на товар на албанската фирма, која во октомври 2013 година за околу 1,6 милион евра ја купи градежната парцела во строгиот центар на градот, на која ќе никне објектот во чијшто состав, всушност, беа предвидени скалите.

132

Новата зграда на плоштадот ќе биде висока 16 метри и ќе има приземје и три ката. Во нејзини рамки е предвиден простор за деловни и комерцијални намени. Идејното решение го обезбеди и го наложи Министерството за транспорт и врски, без притоа да биде објавен неговиот автор. Според идејното решение, освен скали кон плоштадот, од двете страни на главниот влез ќе има скулптури на кочии влечени од коњи, а на покривот, на фасадата и околу скалите ќе има и бројни други скулптури.

141

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top