– За многу краток период ќе се почне со рехабилитација на магистралниот пат Битола – Ресен – Буково во должина од 27 километри, во вредност од околу шест милиони евра, за што се веќе започнати подготвителни активности, а наскоро ќе почнат работите и на патот Неготино – Радовиш – најави премиертот Никола Груевски.
Во октомври ќе почнат градежните работи и на нови четири регионални и магистрални патни правци.
– Станува збор за Делчево – Голак, 11,5 километри, Мелнички мост – Центар Жупа, осум километри заедно со претходниот вредни 1,2 милиони евра, Лажани – Ропотово – Црнилиште во должина од 17 километри, Кривогаштани – Обршани – Воѓани од 9,5 километри, во вредност од 3,2 милиони евра. Што значи дека само во октомври почнуваат четири регионални и магистрални патишта, со вкупно 46 километри и со вкупна вредност на инвестирање од 4,4 милиони евра, кои очекуваме да бидат завршени за 12 месеци – посочи премиерот Груевски.
Тој најави дека покрај овие регионални патни правци, во февруари идната година ќе почне и реконструкција на автопатот Куманово – Скопје, значаен проект за Куманово, но и за државата. Тендерот е распишан, а се работи за проценета вредност од 16 милиони евра, истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марин продолжува со градежни активности кај Мајчин дом, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за мораториум одбиен
-
Внимателно возете: Девијации (преминување од една во друга лента) на патот Кичево-Охрид
-
Владата усвои нови два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид
-
Патувате за Охрид? Прочитајте ги новите измени во режимот на сообраќај



