Некогаш е доволно да промените само еден збор и вашата комуникација ќе биде сосема поинаква.
Ние ви откриваме три збора, кои веројатно постојано ги користите, а можеби не сте свесни колку изгледате непристојно поради нив, пишува „Бизнис инсајдер“.
Обидете се да престанете да ги користите и заменете ги со подобри.
Всушност
Кога го користите зборот всушност, посебно во комуникација преку електронска пошта, личноста од другата страна тоа најчесто го толкува како да го поправате. Не треба да ви објаснуваме дека луѓето не сакаат кога некој ги поправа… „Бизнис инсајдер“ предлага да ги прегледате мејловите што сте ги пратиле неодамна и да проверите и самите: дали со овој збор сте се обиделе на некого да му порачате дека греши?
Сори
Сѐ почесто го користиме овој англиски збор, па кога на некого сакаме да се извиниме, најчесто наместо извини, бираме сори и идеме понатаму. За жал, ова сори го намалува нашето извинување, па затоа кажете извини или се извинувам, пишува „Радиосараево“.
Јас
Најдобро и најсигурно, тврдат експертите, е ако од секојдневната комуникација, посебно таа што е поврзана за работата, не користите изрази кои се однесуваат на вас. Многу е подобро да користите изрази како ние, тимот или компанијата. Така ќе го нагласите значењето на својата фирма, а вашата комуникација ќе има подобар ефект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


