| четврток, 6 декември 2018 |

Посебен сообраќаен режим заради мото рели и фудбалскиот натпревар

soobrakaen rezimПо повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември во тек е третиот ден од меѓународното мото рели, односно учесниците ќе се вратат во Скопје на влезот на мост Сарај околу 15 часот и ќе продолжат да се движат по ул. „Ѓорче Петров“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Илинден“ во продолжение по бул. „Гоце Делчев“ десно по ул. „Филип Втори Македонски“ десно по ул. „11 Октомври“ па се до плоштадот „Македонија“. Од страна на сообраќајната полиција ќе се преземаат соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и физичко регулирање на сообраќајот.

Со почеток во 20 часот и 45 минути на Националната арена „Филип Втори Македонски“ ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар во рамките на квалификациите за Европското првенство помеѓу репрезентациите на Македонија и Шпанија. Поради очекуван зголемен интензитет на сообраќајот ќе биде воведен посебен режим на одвивање на сообраќајот, односно од 16 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Аминта Трети“ и тоа на потегот на крстосницата со ул. „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, па се до стадионот при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници. Од сообраќајната полиција апелираат сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а доколку дојдат на натпреварот да ги користат околните дозволени паркинг простори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top