Според сообраќајната полиција викендот на подрачјето на Град Скопје се случиле 33 сообраќајни незгоди од кои во четири со потешки повреди се здобиле четири лица, во 17 полесно се повредени 26 лица, а 12 поминале само со материјална штета.
Во петок, на 5 септември, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле шест лица, двајца возачи на патнички моторни возила, двајца сопатници, еден велосипедист и еден мотоциклист.
Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак, а со телесни повреди се еден возач на патничко моторно возило.
Во сабота, на 5 септември, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници, двајца пешаци, еден возач на мотор и еден мотоциклист.
Случени се и три незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак, еден сопатник и еден патник во автобус, а со телесни повреди се здобиле еден пешак и еден возач на патничко моторно возило.
Во недела, на 6 септември, извршен е увид, исто така, на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и седум со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници, еден пешак, еден возач на мопед и еден велосипедист.
Викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 39 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 18 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 17 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор. Преземени се и 39 мерки по прекршоци кои најчесто ги чинат возачите на велосипед, мотор, мопеди и мотоцикли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре