| четврток, 6 декември 2018 |

Прием на претседателот на Собранието по повод Денот на независноста

По повод Денот на независноста, претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Трајко Вељаноски, вечерва ќе приреди свечен прием.

Veljanovski sobranie (2) (Custom)

На приемот е поканет државниот врв на Република Македонија, пратениците и министрите од првиот состав на Собранието на Република Македонија, дипломатскиот кор во Република Македонија, како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и економскиот живот.

Приемот ќе се одржи во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top