| четврток, 6 декември 2018 |

Симптоми кои не смеете да ги игнорирате

Болките често се занемаруваат но постојат моменти кога нема место за размислување и единствено решение е повик до брза помош. Кои се симптомите кои не смеат да бидат игнорирани.

glavobolka

 

Неподнослива главоболка

Болка во главата која е ненадејна и неподнослива може да укажува на пукната аневризма. Може да се појават и вртоглавица и заматен вид.

Кога ќе ве разбуди болка во забот

Стресот е една од главните причини зошто некој шкрипи со забите во текот на ноќта. Честото стискање може да предизвика воспаление на нервите на забите и уништување на заштитниот слој. Можно е забите да се скршат дури до коренот.

Тапа болка која почнува во стомакот и станува поостра и се движи кон десната страна.

Ако почуствувате таква болка лекарите советуваат да се бара брза помош. Можно е да биде пукнато слепо црево.

-Болка во средината на грбот придружена со температура. Оваа состојба може да укажува на инфекција на бубрезите. Оваа инфекција често се меша со проблеми со варењето на храната, но потребна е се консултацуија со лекар за да се утврди што точно е.Инфекција на бубрезите често започнува од инфекција на уринарниот тракт.

Мека точка на мускулите на нозете

Ако осетите мал дел од ногата што ве боли можно е дека тоа е згрутчување на крвта во вените.

Местото на допир може да биде црвено и топло. Згрутчување на крвта е почесто кај луѓе кои користат орални контрацептиви или долго возеше со седење во автомобил или авион. Ако ова е случај со вас, почекајте еден ден или два пред да одите на лекар. Но, не чекајте подолго ако ситуацијата не се менува. Тромбот може да се движи и да го спречи дотокот на крв.

Кога менструалните болки не поминуваат и по земање лекови

Болните менструации може да укажуваат на ендометриоза, состојба во која ткивото расте надвор од матката, а тоа е опасно за плодноста. 40 до 60 отсто од жените кои имаат болни менструации и имаат ендометриоза. Оние кои не планираат забременување гинекологот може да им пропише орални контрацептиви, и ако болката продолжува можно е хируршко отстранување на ткиво.

Ненадејна болка во пределот помеѓу плешките

Болка во оваа област може да укажува на срцев удар. Околу 30 отсто од луѓето кои претрпеле срцев удар не почувствувале притисок во градите. Болка помеѓу рамото е карактеристичен симптом на срцев удар кај жените, како и болка во вилицата, скратен здив и вртоглавица. Ако ги имате овие симптоми, барајте брза помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top