Раководството на Барселона на напаѓачот Нејмар е подготвено да му понуди неделна плата од 680.000 евра, пренесуваат шпанските медиуми. На овој начин Каталонците сакаат да го спречат евентуалниот трансфер на Бразилецот во Манчестер Јунајтед.
Доколку овие шпекулации се покажат како вистинити, тоа значи дека Нејмар во наредните шест години само од платата во Барселона би заработил повеќе од 200 милиони евра.
Медиумите пренесоа дека преговорите околу новиот договор на Бразилецот би требало да започнат пред Новата година.
Нејмар во Барселона пристигна пред две години од Сантос за сума од околу 60 милиони евра, а во договорот кој го потпиша неговата откупна клаузула изнесува 190 милиони евра, сума која наводно е подготвен да ја плати Манчестер Јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.