Миграциската криза во Европската унија (ЕУ) ќе трае долго и треба да се подготвуваме за решавање на овој проблем во долгорочна перспектива. Тоа го коментирала високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на крајот на неофицијалната средба на министрите за надворешни работи на земјите од заедницата во Луксембург.
„Треба да се разбере дека сегашната криза не е вонредна состојба, која наскоро ќе се поништи. Таа ќе трае долго, тоа е криза со која ни претстои долго време да имаме работа“, истакнала Могерини.
Брисел планира да формира постојан механизам за населување на мигрантите низ земјите од заедницата. Бројот на примените луѓе ќе се одредува пропорционално во зависнот од големината на државите, објасни министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, чија земја претседава со ЕУ во моментов.
Во Грција и Италија од почетокот на годината во Европа влегле 310 илјади луѓе, додал Аселборн. „Во Грција и во Европа влегле 110 лица, а во Италија – уште 200 илјади“, прецизирал тој.
ЕУ свика вонредна средба на министрите за надворешни и внатрешни работи на 5 – 6 октомври, за да разговараат за миграциската ситуација во Унгарија, соопшти Аселборн.
Тој потврдил дека на 9 октомври во Европарламентот во Стразбур Европската комисија (ЕК) ќе претстави нови пакет предлози за проблемите на миграцијата. Според непотврдени информации засега ЕК ќе предложи да се зголемат квотите за прием на бегалци од 40 илјади до 160 илјади луѓе оваа година.
Овие предлози ќе бидат разгледани на 14 септември во Брисел на закажаната за тогаш вонредна средба на министрите за надворешни работи на 28-те земји од блокот.
За решавање на миграциската криза ЕУ „значително ќе ги активира“ напорите за нормализирање на ситуацијата во Либија и Сирија, комуникациите и со Иран, додаде Могерини.
Во меѓувреме бегалците веќе почнаа да пристигнуваат во Германија, откако Унгарија се откажа да го попречи движењето на запад во Австрија. Виена, потврди дека нема да ги запира луѓето, но ја повика Европа да помогне поради големиот прилив на имигранти. Околу 450 лица пристигнаа на железничката станица во Минхен со специјален воз кој се чекаше да дојде од Австрија. Предвидувањата од германската страна се околу 10 илјади луѓе да влезат на нејзина територија денес.
Австрискиот министер за внатрешни работи Јохана Микал-Лаитнер соопштила дека над 3 илјади луѓе ја поминале границата таа ноќ, но само околу 10-тина поднеле барање за азил во земјата. Останатите сакале да продолжат кон Германија.
Австрија очекува околу 10 илјади бегалци да влезат во земјата само во денешниот ден. Властите организираат специјални возови и автобуси, со кои луѓето ќе се движат до Виена. Во главниот град тие биле пречекувани од волонтери кои им нудат храна, пијалоци, санитарни материјали и билети за воз.
На прес-конференција премиерот на Унгарија, Виктор Орбан предупредил дека по 15 септември по границата со Србија ќе бидат распоредени полициски и воени сили за запирање на протокот на луѓе.
Во Будимпешта речиси испразнаетата централна железничка станица повторно се наполни со новодојдени бегалци, но унгарската страна објави дека нема да обезбедува повеќе транспорт за имигрантите. Затоа околу 500 луѓе тргнале пеш кон австриската граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)