| четврток, 6 декември 2018 |

Мел Гибсон ослободен- нема докази дека ја нападнал фоторепортерката

070610MelGibson01Мел Гибсон е ослободен од обвинението за напад врз фото-репортерката, откако полициската истрага утврдила дека нема докази дека славниот актер ја турнал и вербално ја нападнал Кристи Милер во Сиднеј.Милер раскажа дека Гибсон ја турнал од зад грб, дека потоа је плукнал во лице и ја нарекол со навредливи имиња.

Откако фото-репортерката во јавноста ги изнесе тврдењата дека Мел Гибсон ја нападнал, тој излезе со соопштение во кое е наведено дека целата приказна е измислена и дека е шокиран од нејзините обвинувања.

Нападот наводно се случил откако Кристи го фотографирала Гибсон со неговата 24-годишна девојка Росалинд Рос кога тие излегувале од кино.

Портпаролот на актерот потврдил дека полицијата не пронашла никакви докази кои одат во прилог на обвиненијата на фото-репортерката, и дека ги прегледале снимките од безбедносните камери и разговарале со очевидци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top