| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини: Миграциската криза ќе трае долго

Миграциската криза во ЕУ ќе трае долго и треба да се подготвиме за решавање на овој проблем на долгорочен план, изјави денеска Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на крајот на неофицијалната средба на министрите за надворешни работи од Унијата во Луксембург, пишува „Нова Македонија“.

– Треба да се сфати дека сегашната криза не е вонредна ситуација, која наскоро ќе заврши. Таа ќе трае долго, тоа е криза, со која долго време ќе имаме работа, нагласи Могерини.

Таа додаде дека за решавање на бегалската криза е потребно да се зајакне соработката со земјите од Западен Балкан и Турција

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн истакна дека „ЕУ планира да создаде постојан механизам за прифаќање мигранти во земјите од Унијата, а нивниот број треба да биде одреден пропорционално на големината на земјите-членки“.

Преку Грција и Италија од почетокот на годинава во земјите од ЕУ влегле 310.000 мигранти.

ЕУ свика вонредна средба на министрите за внатрешни и за надворешни работи на 5 и 6 октомври, со цел да ја разгледаат ситуацијата со мигрантите во Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top