| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Ниту една земја не може да го реши проблемот со мигрантите сама

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денес учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ кој се одржа во Луксембург.

-Европа да обезбеди заеднички одговор, бидејќи ниту една земја не може да го реши проблемот со мигрантите сама, со сопствени ресурси, рече министерот Попоски.

Дискусиите на состанокот беа фокусирани на актуелната миграциска криза која потекнува од земјите од Јужното соседство на ЕУ, како и менаџирањето со истата од страна на земјите-кандидати.

poposki3

Министерот Попоски ги запозна министрите на земјите-членки и на земјите кандидати во врска со актуелната состојба на миграциската криза во Македонија и справувањето на нашата земја со масовниот наплив на мигранти. Ја подвлече потребата Европа да обезбеди заеднички одговор, бидејќи ниту една земја не може проблемот да го реши сама со сопствени ресурси.

Република Македонија очекува третман од ЕУ како кон земја членка. Солидарноста и споделената одговорност ја истакнуваме како есенцијална. Недостапен е одговор на европско ниво за сегашната миграциска криза. Тенденциите во моментов се дека таа ќе се продлабочува и во бројки и во реални проблеми на терен. Доколку продолжат да опстојуваат одговори само на национално ниво, наскоро може проблемите да ги надминат капацитетите на државите кои се засегнати директно од кризата, предупреди Попоски.

poposki2

Во рамките на настанот Министерот Попоски присуствуваше на работниот појадок помеѓу министрите за надворешни работи на ЕПП групата на покана на МНР Курц и претседавачот на Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент, Елмар Брок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top