Иако Вашингтон е виновен за дел од она што се случува на Блискиот исток, не ги прима емигрантите од Сирија, пишува „Јутарњи лист“.
Пред неколку месеци, 14 американски сенатори испратиле отворено писмо на претседателот Барак Обама барајќи од него да овозможи доаѓање и сместување на најмалку 65 илјади бегалци од Сирија. Овие сенатори веднаш беа на удар на критичарите кои ги нападнаа со тврдењето дека ќе формираат џихадистички клуб, бидејќи пуштањето на Сиријци во САД ќе ја отвори вратата за потенцијалните терористи.
Администрацијата на Обама овие критики ги отфрли како неосновани, фалејќи се со деталните проверки кои ги прават за секој азилант пред да влезе во САД. Но, барањето на сенаторите не беше прифатено. Како што пишува „Њујорк тајмс“ во таа одлука може да се види недостаток на политичка волја и какви препреки стојат на патот на директното американско вплеткување во решавање на хуманитарната криза со која е соочена Европа, а зад која стои САД со својата надворешна политика.
Истовремено, САД се соочуваат со проблемот на милион илегални доселеници од Мексико и други латиноамерикански држави за што се водат дебати долга низа години, но нема решение.
Само за пример, моментно водечкиот републикански кандидат за претседателска кандидатура е Доналд Трамп кој ветува дека сите илегалци, ако дојде на власт, ќе ги депортира.
Според статистиките САД се најголем светски донатор на меѓународните програми кои доставуваат најмногу директна помош за бегалците, а тоа ги вклучува и донациите на УНХЦР и Светската програма за храна.
Според статистиките на ОН, мометно ширум светот се раселени 60 милиони луѓе, а има 19 милиони бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


