| четврток, 6 декември 2018 |

Украден златен накит вреден 1,7 милиони денари од куќа во Ржаничино

Непознат сторител украл голема количина златен накит и пиштол од куќа во Ржаничино.

zlato-nakit-610x400

Кражбата се случила во периодот од вторникот до средата во куќа сопственост на педесетгодишен скопјанец во скопското село Ржаничино.

Крадецот со употреба на погоден предмет украл поголема количина златен и друг вид накит и еден пиштол, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.700.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top