| четврток, 6 декември 2018 |

Познатиот акт на Модилјани понуден на аукција во Њујорк

Актот на Амадео Модилијани кој пред еден век предизвика скандал, сега ќе биде понуден, првпат, на аукција во Њујорк.

23389740355e9dea0f0671281212031_v4_big

Сликата е создадени меѓу 1917 и 1918 година и ќе биде вистинска „ѕвезда“ на аукцијата на 9 ноември во „Кристи“, пишува АП.

Актот се проценува на преку 100 милиони долари и ако биде продаден за таа сума, тогаш ќе го собори рекородот на Модилијани од 71 милион долари.

Сликата на гола жена како лежи е една од најпознатите дела на Модилијани и е дел од серијата акти кои тој ги наслика за пријателот и продавач на уметнички дела Леополд Зборовски.

Кога била изложена на првата и единствена самостојна изложба на Модилијани во париската галерија, ја шокирала јавноста.

Овој акт е дел од приватна швајцарска колекција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top