По посетата на Груевски институциите на терен ги решаваат проблемите на граѓаните. При вчерашната посета на Љубин, граѓаните му се пожалија на премиерот Груевски дека имаат проблем со катастарско упишување на денационализирани парцели, по што беше договорено денес да излезат екипи заедно со директорот на Катастар и да ги разгледаат проблемите на граѓаните и да изнајдат можни решенија.
Како што беше договорено денес на терен излегоа екипите на катастар заедно со директорот Славчо Трпевски и директорот на Управата за имотно правни односи, Зоран Крстановски, остварија средба со жителите на Љубин во насока на изнаоѓање на решение. Граѓаните задоволни од брзата реакција. Велат дека оваа средба многу им помогнала за да знаат што понатаму треба да направат.
-Денеска со тим од Агенцијата за катастар и недвижности сме тука во селото Љубин по барање на граѓаните да ги сослушаме и да најдеме решение за нивните проблеми. Имавме еден убав состанок со поголема група граѓани тука во Љубин и ги слушнавме сите нивни проблеми. Главниот проблем што се однесува за селото Љубин е во тоа што граѓаните не биле толку информирани дека земјиштето кое им било национализирано во далечната 1958 година треба да прават приватизација. Дел од нив имаат поднесено барање за приватизација, дел немаат, но новите можности кои ги нуди Законот и стапуваат на сила веќе наредната недела, им излагаат во пресрет. Тие граѓани кои немаат поднесено барање за приватизација овојпат ќе може да поднесат во Катастарот и во една забрзана постапка земјиштето да си го приватизираат, рече директорот.
Денеска веќе екипи на МОН беа во посета на училиштето со цел да се направи анализа на тоа што е потребно за да се набави.
Исто така откако вчера жителите на Љубин побараа опремување на училиштето, беше укажано дека ќе биде направен увид на тоа што недостасува и истото во програмата за набавка на наредната година ќе биде обезбедено.
Во однос, пак, на барањето на жителите за обезбедување на спортски реквизити денес директорот на Агенцијата за млади и спорт веднаш дојде во Љубин со спортски реквизити кои од денес веќе ќе можат да ги користат најмладите од ова населено место.
-Тука има102 ученици кои верувам дека со денешната донација која ја обезбедивме од Агенцијата за млади и спорт во вид на спортска опрема за изведување на наставата за физичко образование, но и за вон наставни спортски активности, ќе овозможиме сите ученици од ова основно училиште и младите активно да спортуваат и да ги практикуваат сите модерни спортови, рече директорот на АМС, Марјан Спасески.
Груевски вчера го посети и Шишево. Граѓаните побараа санација и изградба на патот.
Како што беше ветено веќе денес екипите на улици и патишта беа на терен, се работеше интензивно на терен на изградба на патот за Шишево.
Граѓаните се презадоволни. Еве што велат тие:
-Ова е неверојатно дека толку брзо се реагира. Од вчера попладне, денес веднаш да се почне со работа. Патот е ископан, канализација правеа, мора да се направи.
-Не очекувавме дека вакво нешто ќе се случи, но со вчерашната посета на премиерот во најможен брз рок се реагира. Патот беше за никаде, со копање на канализација патот се оштети и многу тесен е, возила не можат да се разминат. Со оваа интервенција ќе се подобри инфраструктурата во ова населено место.
На терен беше и лично директорот Синиша Ивановски.
-Денес сме овде да ги санираме овие улици. Се работи за околу два километри улички во Шишево кои од денес во наредниот период ќе бидат целосно реконструирани преку буџетот на Град Скопје. Иако се општински улички, Градот Скопје преку Советот има донесено одлука за помош на сите општини кои се вклучени во Градот Скопје, вкупно 10 општини. Во одреден износ кој го доделува градот, општините имаат право да реконструираат коловоз во рамки на тој буџет, рече директорот на ЈП „Улици и патишта“.
Граѓаните со благодарност до премиерот и градоначалник Трајановски за експресната реакција и санирањето на патот.
При вчерашната посета на премиерот граѓаните го посочија и проблемот што неможат да го користат изграденото тениско игралиште, за што премиерот им посочи дека тоа игралиште е изградено од државни пари и дека мора да биде достапно и отворено за сите граѓани.
Градоначалникот на Сарај, Беким Мурати, и целата општинска администрација под него денес без одговор и недостапни до јавноста да дадат одговор зошто игралиштето направено за граѓаните и добиено во владение од Агенцијата за млади и спорт, општината не го препушта на користење на жителите на Шишево, како и тоа зошто не аплицираат за средства од Министерството за транспорт и врски за изградба на овој проект.
За таа цел беше потенцирано дека ќе се воочи и на општината дека тениското игралиште мора да биде отворено за граѓаните, а во однос на проблемот што граѓаните го посочија со неисчистеното речно корито на средбата беше договорено дека за 15 дена ќе дојде механизација која ќе започне со чистење на речното корито.
На средбите во Шишево дојдоа и граѓаните кои живеат во Матка. Тие го претставија пред премиерот проблемот со канализацијата со кој се соочуваат подолг временски период.
На средбите што премиерот Груевски ги имаше со граѓаните во Волково и Ново Село, беа договорени неколку конкретни решенија за повеќе посочени проблеми од граѓаните.
Граѓаните од местата кои вчера беа посетени од страна на премиерот и денес не го криеа задоволството и експресните реакции и конкретните решенија за посочените проблеми во наредниот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст