| четврток, 6 декември 2018 |

Прва жртва на бегалската криза во Унгарија, полицијата употреби солзавец

ungarija solzavecЕден маж од Пакистан загина денеска во Унгарија откако паднал на шините кога група од околу 350 мигранти побегнаа од железничката станица во местото Бичке, соопшти унгарската полиција.

Стотици бегалци го пробиле полицискиот кордон на железничката станица во Бичке и почнале да трчаат по пругата кон запад, блокирајќи го движењето на возовите.

Во меѓувреме, полицајци употребиле солзавец при судир со бегалци, кои се обидувале да побегнат од прифатниот центар во близина на градот Роска, во јужниот дел на Унгарија.

Како одговор на солзавецот, бегалците започнале да фрлаат со камења.

Портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) Мелиса Флеминг не ја поддржа изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека „Европа не треба да мисли на распределување квоти за мигранти, туку како да ги заштити своите граници“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top