Со сечење црвена лента и официјално од денес управната зграда на ЈП „Исар” доби нов асфалтиран влез и паркинг простор. Ова е резултат на домаќинското работење на ЈП „Исар” заедно со локалната самоуправа, објави тв „Ирис“.
– Ветивме дека Штип постепено ќе го менува ликот на подобро, а ова само еден дел од новите убавини на градот, истакна градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.
– Со новиот изглед на пристапот кон Управната зграда, ЈП “Исар” добива во квалитет кон услугите на граѓаните, вели директорот Ангел Бојаџиев.
Во наредниот период ЈП „Исар” интензивно ќе се насочи кон активностите за доуредување на коритото на река Отиња, но секогаш ќе биде на располагање за потребите на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


