| четврток, 6 декември 2018 |

Масовна тепачка меѓу скинери и мигранти: Нападнати во Будимпешта, бегалците возвратиле! (видео)

На железничката станица Келети во Будимпешта, екстремните десничари фрлале петарди во импровизираниот бегалски камп на платото пред станицата.

На станицата се слушнале две силни експлозии, јавува известувач на BBC од самото место.

“Многу бегалци поради тоа се исплашиja, па некои од мажите ги нападнаа унгарските десничари, кои беа скинери”, рекол дописникот на британската медиумска куќа, Бен Браун.

Тој додал дека дошло до судири меѓу бегалците и десничарите, при што биле фрлани шишиња, а повикана била и интервентната полиција. Браун наведува дека скинерите очигледно дошле пред станицата Келети, само за да ги провоцираат бегалците.

Судирите набрзо се смириле, а бегалците продолжиле да протестираат бидејќи не им е дозволено да влезат во возовите за Австрија и Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top