Во медиумите, како и на веб-страницата на Министерството за култура, објавени се Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2016 година, по одделни области и за одделни активности од културата.
Министерството за култура соопшти дека во конкурсите се содржани условите за учество, како и критериумите и мерилата по одделни дејности, според кои стручните комисии ќе вршат евалуација на пристигнатите проекти. Годишните конкурси траат 45 дена од денот на објавувањето.
Во согласност со измените и дополнувањата на Законот за културата објавени во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/14, Годишните конкурси од минатата година, наместо во мај, се објавуваат во септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полуматурантите во понеделник и вторник ќе се запишуваат во средните училишта
-
Повлечени 10 проекти од Годишната програма за култура
-
Министерството го поништи конкурсот за откуп на класични композиции за 2017 поради пропусти во постапката
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот