За 1,3 проценти се пониски трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во вториот квартал годинава споредено со истиот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во второто тримесечје од годинава, во однос на првото тримесечје од минатата година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,4 проценти, трошоците за материјали се пониски за 1,5 проценти, а повисоки се трошоците за вработените за 5,9 проценти.
Според Државниот завод за статистика, во вториот квартал годинава во споредба со второто тримесечје од минатата година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 1,3 проценти, трошоците за материјали се пониски за 3,1 процент, а трошоците за вработените се повисоки за 4 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.